
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни
типови на технологии за управување со дигитални права
(digital rights management - DRM) за да ја заштитат нивната
интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските
права. Овој уред користи разни типови на DRM софтвер за
пристап до DRM заштитени содржини. Со овој уред можете
да пристапите до содржини заштитени со WMDRM 10, OMA
DRM 1.0, OMA DRM 1.0 forward lock, и OMA DRM 2.0. Ако
одреден DRM софтвер не успее да ја заштити содржината,
сопствениците на содржини може да побараат таквата
можност на DRM софтверот да пристапува до нови DRM
заштитени содржини да биде поништена.
Поништувањето може исто така да спречи обновување на
таквите DRM заштитени содржини кои веќе се во Вашиот
уред. Поништувањето на таквиот DRM софтвер не влијае
на користењето на содржини заштитени со други типови
на DRM или на користењето на содржини кои не се
заштитени со DRM.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со
клуч за активирање што ги дефинира Вашите права за
користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да
направите резервна копија на клучевите за активација и
на содржината, користете ја функцијата за правење
резервни копии на Nokia PC Suite.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и
клучевите за активирање и содржината ќе бидат изгубени
ако меморијата на уредот се форматира. Може исто така
да ги загубите клучевите за активирање и содржината ако
датотеките на Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на
клучевите за активирање или на содржината може да ја
ограничат Вашата можност за повторно користење на
истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации,
контактирајте го Вашиот оператор.