Корисни сугестии
Ако имате барања околу вашиот
телефон или не сте сигурни како треба
да функционира вашиот телефон,
видете во упатството за корисникот.
Ако ова не помогне, пробајте го
следново:
Ресетирајте го телефонот
Исклучете го телефонот и отстранете ја
батеријата.
После неколку секунди, вметнете ја
батеријата и вклучете го телефонот.
Вратете ги фабричките поставки
Видете "Враќање на фабрички
поставки" стр. 40.
Ажурирајте го софтверот од вашиот
телефон
Видете "Надградби на софтвер
користејќи го Вашиот
компјутер" стр. 39.
Добијте повеќе информации
Видете го веб сајтот на Nokia или
контактирајте со Nokia Care.
Видете
"Nokia поддршка" стр. 38.
Ако барањето остане нерешено,
контактирајте со вашиот локален Nokia
Care сервис за опции за поправка. Пред
праќање на вашиот телефон за
поправка, секогаш правете резервна
копија или запис на податоците од
вашиот телефон.