Nokia 6600i slide - За вашиот телефон

background image

За вашиот телефон

Безжичниот уред опишан во ова

упатство е одобрен за употреба на

WCDMA 850 и 2100 и GSM 850, 900, 1800,

и 1900 мрежи. Контактирајте со вашиот

добавувач на услуги за повеќе

информации околу мрежите.
Кога ги користите можностите на овој

уред, почитувајте ги сите закони и

почитувајте ги локалните обичаи,

приватноста и легитимните права на

другите, вклучувајќи ги и авторските

права.
Заштитата на авторските права може да

спречи некои слики, музика, и други

содржини да бидат копирани,

модифицирани, или префрлени.
Вашиот уред може да има претходно

инсталирани ознаки и линкови за

интернет страници од трети страни.

Можете и да пристапите до страници од

трети страни преку вашиот уред.

Направете го телефонот по Ваша мерка

7

background image

Страниците од трети страни не се

здружени со Nokia, а Nokia не ги

одобрува и не презема одговорност за

нив. Ако изберете да пристапите до

такви страници, треба да преземете

мерки на претпазливост за безбедноста

или содржината.

Предупредување:

За да користите било која одлика на

овој уред, освен алармот, уредот мора

да е вклучен. Не вклучувајте го уредот

кога употребата на безжичен уред

може да предизвика интерференција

или опасност.

Запомнете да направите резервни

копии или да чувате пишани записи за

сите важни информации што се

зачувани во вашиот уред.
При поврзување со било кој друг уред,

прочитајте ги неговите упатства за

корисникот за детални безбедносни

инструкции. Не поврзувајте

некомпатибилни производи.
Важно: Користете само услуги на кои

им верувате и кои нудат адекватна

сигурност и заштита од штетен софтвер.