
Вметнете мемориската картичка
Користете само компатибилни microSD
картички одобрени од Nokia за
користење со овој уред. Nokia користи
одобрени индустриски стандарди за
мемориски картички, но некои видови
може да не се целосно компатибилни со
овој уред. Некомпатибилните картички
може да ја оштетат картичката и уредот
или податоците зачувани на
картичката.
Вашиот телефон поддржува microSD
картички до 16 GB.
1 Исклучете го уредот, и отстранете го
задниот полопец и батеријата.
2 Излизгајте го држачот за мемориска
картичка за да го отклучите.
3 Отворете го држачот за картичката,
и вметнете ја мемориската
картичка во држачот со
контактните површини свртени
навнатре.
4 Затворете го држачот за картичка,
и излизгајте за да го заклучите.
5 Вратете ги назад батеријата и
задниот поклопец.